Снимија проект со македонски песни

Опстојуваат долго време на македонската музичка естрада и се најповеќе познати пред својата, битолската публика, младата Деси и Адути бележат бројни настапи во овој крај.

Деновиве тие сработија и нов видео проект со познати македонски песни, кои ги носат во специфичен аражман пред помладата публика

-Прв проект со македонски песни, преработки. Имаме единаесет песни,од кои што јас ќе ги отпеам пет а пет колегата и имаме еден заеднички дует, истакнува Деси.

Проектот ги содржи добро познатите легендарни хит рефрени како “Џумбуш”, “Свадба голема”, “Песна ви пеам македонци”, “Битола бабам Битола”, “Битола моја Битола” и други.Повеќето песни се за Битола бидејќи групата “Адути” се токму од овој град. Околу тоа како паднал изборот а овие песни да ги снимат, појаснува Игор, вокал на групата.

-Се мислевме заедно имавме онсултации цела група па така дојдовме до овој избор на песни. Сите тие се веќе испробани песни кои публиката ги бара на нашите настапи. Во иднина имаме планови и за нови проекти.засега овие ги одбравме како најдобри, додава Игор.

За престојните празници, Деси и Адути ја тераат старата шема, константен настап во “Император” Битола.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*