Откажан концертот на Цеца во Мексико

Настапот на Светлана Цеца Ражнатович во Мексико, кој беше закажан за 3.и 4. Јануари 2019 година, во клубот „Мандала“ е  откажан.

Организаторот на случувањето „Greek concerts west“  се огласи со соопштетние во кое не ја наведе конкретната причина зошто фолк ѕвездата остана без овој ангажман.

-Сметавме дека датумот кој го избравме за одржување на концерт е совршен, бидејќи тоа е време на празници и денови кога децата се на распуст. Изгледа погрешивме. Сакаме да им се заблагодариме на сите, особено на менаџментот на Цеца, кој беше професионален до крај, пишува во соппштението на продукцијата која ги организира настапите на едни од најголемите ѕвезди ширум Канада и САД.

Тие додаваат дека парите од влезниците кои чинат од 99 до 225 долари, ќе им биде вратен на луѓето кои уште пред неколку недели ги купиле картите.

Инаку, неодамна Цеца изјави дека во Мексико планира да ги носи Анастасија, Вељко и Богдана, но сега овие планови им пропаднаа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*