Сите свои соработници на едно место во Новогодишната на ИН

Деновиве во Охрид, во реномираниот хотел Престол, ИН продукција ја снима Новогодишната емисија.

На неа поканети се сите свои блиски соработници со ИН продукција, со кои се остварува соработка преку целата година, а ова е погоден момент за заедничко сумирање на сите успешни реалицазии во годината која изминува.

Елена Велевска, Марјан Коцев, Да Капо бенд, Бендот на браќа Нуна, Фантастик бенд, Ташко Каранфиловски, Благојче Стојаноски Туше, Болеро бенд, Билјана и Борис Димови заедно со група Астрион, Ирена Спасовска, Стојне Николова, Бобан Мојсоски, група Тандеми, Борче Нумовски, Фаворити бенд, Сани, Цаки-Кисми, група Респекти, Профа бенд и други беа дел од првата новогодишна вечер.

Денеска ќе следува втората новогодишна вечер во која исто така најавени се гостувања на познати имиња од фолк естрадата.

Според она што беше кажано од страна на оние кои настапија во првата вечер, на музички план успешно ја заокружуваат годината која изминува и најавуваат нови снимања и во следната година како и понатамошна соработка со ИН продукција.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*