“Профа бенд” најавуваат нов албум

Кичевскиот “Профа бенд” кој неодамна го снимија својот прв видео запис за “Песно, животе мој” веќе имаат доволен материјал за издавање на нов албум. Тие имаат вкупно шест песни кои веќе размислуваат да бидат на нивниот албум.

-Досега имаме шест песни што се снимени. За некој албум викаме дека треба 8-9 песни но тоа не е некоја бројка што мора да биде фиксна. Песните се различни по карактер, имаме и печалбарска, свадбарска и за помлади за секого по нешто. Сите песни се шаренолики и снимени на различни места како и отпеани на некои од фестивалските настапи, вели Горан Делевски од групата.

Покрај тоа што Теодора и Горан кои го сочинуваат “Профа бенд” а се во родниднска врска, тука како дел од текстописец на песните се јавува и мајката од Теодора. Со еден збор кажано успешно влегуваат во музичката естрада.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*