Златко Петрески во прекрасниот Охрид го сними првиот спот

Златко Петрески во прекрасниот Охрид го сними неговиот прв спот. Свое видео ќе доби песната “Има нешто има”, која што е негово комплетно авторско дело. Очекувањата се дека и песната и спотот ќе бидат одлично прифатени од јавноста.

На неколку прекрасни локации, покрај Охридската ривиера се сними спотот од Златко Петрески. Станува збор за песната “Има нешто има”, на која што како комплетен автор се потпишува Златко. Тој при интервјуто за ИН ТВ истакна дека е презадоволен од тоа како се одвиваше снимањето, не криејќи го задоволството од соработката со екипата на ИН Продукција.

-Имам повеќе песни меѓутоа ја одвоивме првата за која што мислевме дека најдобро би било да се направи спот, а тоа е песната Има нешто има. Можам да кажам дека одлично помина снимањето со екипата на ИН. Мислам дека е убаво тоа што и времето ни се погоди, убави локации, Охрид е неисцрпен за снимање и мислам дека многу добро ќе испадне.-истакна Златко, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Песната е народна со љубовна тематика, а Златко вели дека му биле потребни два до три месеци за песната да излезе онака како што тој сака и да го добие крајниот резултат.

-Треба да се прави музика, музиката сега и во последни време треба да се гледа преку видео записи,  не само да се слуша и затоа направивме еден концепт за таа песна да добие спот.-додава тој при интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, Златко зад себе има вкупно 5 песни, а во моментов подготвува уште неколку нови. Со оглед на тоа што работи со полна пареа на снимање нов материјал, се надева дека во следниот период ќе издаде и албум.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*