Далибор Ѓошиќ и група Корона снимија Предновогодишно шоу со македонски песни и ора

Нов видео проект со македонски песни и ора, сними Далибор Даки-Ѓошиќ во соработка со група Корона од Штип. Проектот се снимаше во студиото на ИН продукција.

Далибор Ѓошиќ-Даки сними нов видео проект во студиото на ИН Продукција. Проектот е во соработка со група Корона од Штип, кои важат за негови блиски музички соработници.

-Завршивме со уште еден проект, кој е втор во соработка со моите драги колеги , Група Корона од Штип. Претставивме навистина прекрасни македонски песни и ора од колегите, што навистина ќе им се допадне на гледачите како кај нас, така и ширум светот. Со оглед на песните и на самата ритмика која ја пласиравме, можеме да го наречеме Предновогодишно шоу, за Новогодишното шоу пак ќе дојдеме на главната забава на ИН ТВ. Така да, останува сето ова да се изработи, па кога ќе се склопи мислам дека публиката навистина ќе биде задоволна.-истакна Далибор, при интервјуто за ИН ТВ.

Покрај песните кои што ги изведе Далибор, дел од проектот се и трите ора од група Корона.

-Едното оро беше на гајда, Гајдарско оро право рамно, второто оро беше Ерѓен оро од еден наш истакнат кларинетист, Стојан Трајкоски кој што остави многу на младите кларинетисти и третото беше Тешко Паланечко оро од нашиот колега Сашко Миткоски од Крива Паланка. Ги поздравувам гледачите на ИН ТВ, а воедно благодарност до целата екипа на ИН Продукција за топлиот прием кој што го имавме тука, а се надеваме на уште многу други убави спомени и искуства.-вели Горанчо Ангелов, од група Корона.

Како што велат тие, ова е втор проект кој што го работат со Далибор, а во иднина се надеваат на уште поголема соработка со овој пејач, кој што важи за еден од најдобрите вокали во земјава.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*