Александра Пријовиќ откри во кој град планира да се породи

По бројните шпекулации за тоа дали Александра Пријовиќ во март догодина ќе се породи во Белград, во САД, или во некој друг европски град, популарната двојка конечно го прекина молкот и одлучи да проговори:

„Филип и јас решивме да се породам во Белград. Така е најдобро. На малиот Александар нема да му значи ништо во животот дали неговото место на раѓање е некој европски или град во Америка, а нашите клиники според стручноста се во рангот на светските. Покрај тоа, дома сме, и што и да на затреба, бргу ќе го решиме“ – вели Александра за српски “Информер”.

Породувањето во Белград особено ќе им значи на нивните семејства.

„Знам колку Филип и моето семејство се радуваат на доаѓањето на бебето на свет. Ако се породам во Америка, веројатно неколку месеци не би можеле да се вратиме во Србија, а прашањето е дали сите тие ќе добијат визи за да нѐ посетат. Уште покомплицирано е нашите баби и дедовци да патуваат долго време, па решивме да сториме сé да завршиме во Белград. Среќна сум за тоа.“ – рече пејачката кој додава дека таа нормално ќе го дои бебето, бидејќи мајчиното млеко е најздравото нешто.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*