Тијана Дапчевиќ двапати во годината на јавен настан се облече во исто

Српскиот магазин „Стори“ одбележа 14 години постоење во Србија, а на забавата присуствуваа голем број познати личности од земјата, меѓу кои и Тијана Дапчевиќ.

За ова случување Тијана се појави облечена во црн комбинезон со светкава текстура, облека кој навидум изгледа познато на неа.

Имено, во истото парче Тијана се појави на годинешното доделување на наградите на „Златна Бубамара“ во Скопје.

Секако, тука нема никаква модна грешка, но едноставно кога јавни личности, особено дамите ќе се појават во нешто впечатливо, истото останува запаметено.

Веројатно на Тијана многу и се допаѓа оваа комбинација која и тоа како и прилега, па одлучила по неколку месеци повторно да ја облече за јавно појавување.

Но, кога може војвотката Кејт Мидлтон да се појавува во иста облека на кралски случувања, зошто тогаш да не може и наша Тијана која самоуверено и во свој стил секогаш знае да блесне со својата маркантност и индивидуален печат.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*