Дамјан Стојаноски најавува турнеи во Канада и Австралија

Две турнеи најавува Дамјан Стојаноски за следната година. Во месец февруари за првпат ќе настапува во Канада, а во март заедно со Влатко и Златко Миладиноски ќе оствари уште една Австралиска турнеја.

2018-та беше исполнета со голем број настапи и ангажмани за Дамјан Стојаноски. Тој ја оствари и првата Австралиска турнеја од каде што се врати со бројни импресии, а за следниот период најавува уште две турнеи, од кои едната во Канада, каде што ќе настапува за првпат.

-Во февруари одам за Канада, таму ќе другарувам и ќе им пеам на нашинците во Канада за првпат.-открива Дамјан, ексклузивно за естрадниот магазин Естрада плус.

Во месец март, следува уште една турнеја во Австралија, а овој пат Дамјан ќе настапува заедно со Влатко и Златко Миладиноски.

-Треба да настапуваме низ цела Австралија, насекаде каде што ги има македонците. Турнејата ќе трае околу еден месец, а ќе има 8-9 концерти во сите градови. Се надевам дека убаво ќе си поминеме, баш ми е мило што одам со моите братучеди.-додава тој при интервјуто за ИН ТВ.

Кога станува збор за нов албум, Дамјан вели дека сеуште нема доволно песни, но можеби претходниот албум ќе го надополни со уште три-четири песни, односно толку колку што ќе се снимат до неговото заминување на турнеите.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*