Васко Ангеловски открива како се негува македонската традиција во далечната Австралија

Охридската традиција пренесена во далечната Австралија.

Претседателот на македонското социјално друштво “Св.Наум Охридски” во Мелбурн, Васко Ангеловски при неговото гостување во ИН продукција откри дел од тоа како и на кој начин македонците кои живеат во оваа далечна земја успеваат да се соединат и здружат заедно преку најразлични манифестации. Негување на македонската храна е манифестацијата во која на големо се изработуваат традиционлните македонски специјалитети, секој со своја посебна специфика.

-Тука, домаќинките имаат право секоја она што најдобро го прави, како поединци така и организации. Таму има штадови со бурек, зелник, ѓомлезе, македонски сирења, значи има традиционална храна која е исклучиво македонска, друга храна нема. Тоа се организира пред време , секој со своја најава што ќе прави и се одржува долги години, истакнува Ангеловски.

Како што додава Васко, честопати се случува да бидат побарани и рецептите за зготвеното јадење од страна на тамошните жители, кои не останале рамнодушни при пробата на македонскиот вкус. Сите вакви настани секако се пропратени со песна и оро кои се разбира се македонски.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*