Тешко дека би имало хит како “Милионерче”, смета Цаки -Кисми

Можеби нема да имаат хит прибижно како “Милионерче” но не ја исклучуваат можноста за нова хитовска песна.

Сигурно веќе погодувате, станува збор за реномираната група “Кисми” , при што Цаки, пејачот од групата истакнува дека и покрај бројните настапи сепак снимаат и нови песни.

-Работиме. Сега снимаме две нови песни кои што очекуваме наскоро да излезат. Настапи имаме доста, секаде каде што ќе има побарувачка колку можеме да стигниме, истакнува Цаки.

Околу нивна нова хит песна, Цаки истакнува:

-Како “Милионерче” мислам дека нема да има хит никогаш. Не од наша страна меѓутоа и од никој, но се надеваме нешто приближно да направиме. Публиката ќе одлучи и ќе го каже тоа, додава Цаки.

Инаку Цаки беше неодамна дел од големата забава во дискотеката “Палма” во Швајцарија по повод прославата од 20 години јубилеј на менаџерот Хари Сековски. Според неговите зборови тој очекувал таква забава, но според она што ние го видовме на дело беше вистински бум кога Цаки ги отпеа познатите рефрени кои ги памети и повозрасната публика но и генерациите кои доаѓаат. Едноставно тој ја подгреа атмосферата до точка на кулминација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*