„Протече“ првата снимка од новиот филмски проект на Ријана и Доналд

Сосем случајно „протече“ првата снимка од новиот филмски проект на Ријана и Доналд Гловер, кој во моментов го носи работниот наслов „Guava Island“. Филмот беше снимен во Куба, но засега се познати малку информации за приказната и датумот на премиерата.

Трејлерот за филмот беше промовиран на фестивалот PHAROS во Нов Зеланд, а еден досетлив фан кој беше присутен на проекцијата успеа да го сними сето тоа со неговиот телефон.

Колку што може да се види од првата снимка, која не е многу квалитетна и изгледа како да е снимена надвор од киносалата, целиот филм е снимен на егзотични локации кои изгледаат како Куба – локацијата во која се шпекулира дека ќе биде сместена приказната.

https://twitter.com/purelylorde/status/1066293427376087043?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1066293427376087043&ref_url=http%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fprv-pogled-na-rijana-i-donald-glover-vo-filmot-guava-island

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*