Туше и Ташко се споија во кумство

Не само што важат за познати музички имиња, колеги, соработници кои потекнуваат од ист крај Ресен, туку Туше и Ташко постанаа и кумови.

Имено, фолк пејачот Ташко Каранфиловски кој на големо се подготвува за својата свадба која е најавена за следната година со својата избраничка Мартина, за кум го покани својот близок колега од музичкото поле и сограѓанин Благојче Стојаноски Туше.

-Вечно да ни е кумството. Како што е Господ на небото така е и кумот на земјата. Фала кумови, напиша на својата фејсбук објава фолкерот Ташко Каранфиловски.

Тие деновиве својата кумашинска врска ја потврдија и преку фотографии на социјалните мрежи. Останува да ја сочекаме големата свадбена церемонија која престои и да го потврдиме она што всушност ќе значи незаборавна свадба со две врвни музички имиња но во кумашинска врска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*