Ја освои најубавата жена на светот, а сега призна дека се плаши дека би можел да ја изгуби

Џенифер Лопез е позната како дама која постојано ги менува мажите и тешко го пронаоѓа вистинскиот. Иако на многумина им изгледа дека со Алекс се совршениот пар, овој згоден маж призна дека стравува од тоа дека ќе ја изгуби.

Гостувајќи во емисијата кај Пирс Морган, Алекс рекол дека стравува дека Џенифер Лопез еден ден би го исфрлила од станот.

“Совршена жена покрај која е убаво да се разбудите наутро. Дали ја погледнуваш некогаш покрај себе и се запрашуваш како баш јас сум тој среќник”, го праша водителот Алекс.

Родригез со насмевка му одговори: “Се надевам дека еден ден нема да се разбудам кога ќе ми каже, ок, твоето време истече”.

Инаку, Џеј Ло и Алекс неодамна започнале да живеат во еден луксузен стан, откако Родригез ја продаде својата вила.

Парот е во врска од 2016 година и често поминуваат време со децата од претходните бракови.

Џенифер има близнаци ќерка и син, а Родригез има две ќерки и често сите заедно ги поминуваат празниците и слободните денови како едно семејство.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*