Парис Хилтон ја откажа венчавката и не го враќа прстенот

Парис Хилтон ја откажа свадбата која бомбастично ја најавуваше на почетокот на месецот со до тогаш – најсовршениот избраник на нејзиното срце – Крис Зилка.

Умре ли љубовта?, прашуваат нејзините фанови. Кај неа остана вереничкиот прстен кој Крис и го подари во вредност од 2 милиони долари, украсен со дијаманти. Но, Парис не сака ни да чуе да го врати прстенот, иако поранешниот свршеник и го побарал, а и според законот на Калифорнија, таа е должна да го врати.

Очигледно Хилтон не е посебно „потресена“ за откажувањето на свадбата, таа постираше на Инстаграм своја фотографија во стилот на Мерилин Монро, цитирајќи изрека од Монро – „сметам дека се се случува со причина. Луѓето се менуваат, па треба да научите да ги оставате да си одат…“

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*