Лозано ги “топи” обожавателите со емотивни видеа

Кога се пее од душа и со полно срце емоција, а дополнително Бог ќе го дари талентот и прекрасниот глас, тогаш изведбата допира најсилно.

Токму таквите изведувачи стануваат поблиски на публиката, поради поистоветувањето со емоциите, случките, љубовта… Таков отсекогаш бил и сеуште е нашиот поп-пејач Влатко Лозаноски –Лозано кој уште откако се појави на домашната естрада плени со својот моќен, а во исто време нежен вокал кој ги „топи“ срцата на обожавателите.

Секоја негова песна се пее од почеток до крај, дури и оние новоиздадените за кратко време веќе ги знаат сите, од 7 до 77.

Лозано слободно можеме да го ставиме во категорија на пејачи што ненаметливо, скромно и само преку песна знаат да ја освојат публиката. Доказ за тоа се многуте негови отпеани хитови низ годините, од  „Сонце не ме грее“, „Како тебе нема друга“, „Бонбона“, „Мандарина“, „Јако, јако“, „Километри“ и секако најновата „Надеж“ која моментално е една од најслушаните македонски забави песни.

View this post on Instagram

#JakoJako ❤💪😍

A post shared by 𝐋𝐎𝐙𝐀𝐍𝐎 (@vlatkolozanoski) on

Лозано има пракса своите обожаватели редовно да ги чести со видеа од изведби снимени во домашна атмосфера, а на истите тој не само своите песни, знае да отпее и странски, но и домашни песни од  колегите.

Секое негово видео има илјадници прегледи и коментари во кои фановите без резерва знаат да му ги препишат најискрените комплименти. На последното такво видео кое го објави, Влатко со затворени очи ја пее „Надеж“, а за истото доби бројни комплименти и пофалби.

Токму публиката преку тие коментари заклучи дека Влатче е полн со емоции кои знае преку песна да ги сподели така моќно што ретко кој би останал рамнодушен.

Доколку досега не сте погледнале и слушнале некои од домашните видеа на Лозано, тогаш драго Ви препорачуваме да го следите на Инстаграм и да уживате во неговите изведби.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*