Дани Даниела го промовираше нејзиното првенче “После тебе”

Во студиото на ИН Продукција деновиве беше промовирана првата песна од Дани Даниела, која носи наслов “После тебе”. Дани се надева дека песната ќе им се допадне и на помладата,  но и на повозрасната публика.

Дани Даниела ја промовираше првата нејзина песна. Станува збор за песната со наслов “После тебе”, за која што музиката и аранжманот ги направи Славко Ристески од Просаунд студио, а текстот е дело на Љупчо Василевски.

-Па се надевам дека ќе има добар преглед видеото. Се надевам и дека ќе допре до помладата, но и повозрасната публика. Жива, весела е песната со брз ритам.-истакна младата пејачка при интервју за ИН ТВ.

Дани подолго време се занимава со пеење, а скоро шест години е женскиот вокал на групата Тик-так. Затоа, таа одлучи да направи и песна со којашто во иднина ќе стане препознатлива во јавноста.

-Затоа што беше време, бидејќи имам веќе работно искуство, доволно долго за да имам своја лична карта по која што би ме препознавал народот. Ја подготвував околу година и пол можеби или две.-додава таа, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Песната “После тебе”, Дани ја претстави деновиве во студиото на ИН Продукција, а за следниот период таа најавува уште една авторска песна.

Во продолжение погледнете го видеото !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*