Официјално: Џастин Бибер и Хејли Болдвин се венчаа

„Мојата сопруга е одлична.” Со овој Инстаграм статус на фотографијата на која Хејли Болдвин го држи за рака, а која ја објави на оваа социјална платформа, музичката ѕвезда Џастин Бибер официјално потврди дека тој и манекенката стапија во брак.

Неколку часа откако поп-пејачот истакна дека се венчал со убавицата, Хејли го смени презимето на социјалната мрежа и веќе е г-ѓа Бибер. На овој начин и двајцата ги завршија шпекулациите дека нивниот таен брак е само шега.

Според информациите од светските медиуми, 21-годишната Хејли има намера да го задржи своето презиме како заштитен знак.

-Тие се во брак, Хејли е подготвена да направи големо семејство и да биде среќна”, изјави извор близок до пејачот. И тој навел дека пејачот едвај чека да стане татко.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*