Наковска за новогодишните празници со работна агенда во Германија

По неодамнешната промоција на нејзината најнова песна за која сними и видео запис “Тешко на предавниците”, Анета Наковска веќе ја поплна својата работна агенда во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници.

За Новогодишните празници таа ќе настапува во Германија заедно со групата “Пелагониски мерак”. Конкретно за дочекот на најлудата ноќ таа ќе настапува  во Берлин.

-За дочекот на Новата година ќе настапувам во Берлин во ресторан “Македонија” кај нашиот најголем пријател газда Живко, кој е еден вистински македонец што секогаш ги почитува и преферира своите и е голем подржувач на македонската музика. На четврти јануари сум во Фулда, зза петти имаме понуда од две места но уште не сме дефинирале, на 12-ти сме Нинберг а на 13-ти во Минхен, истакнува Анета, додавајќи дека во Берлин за дочекот на Новата година ќ биде Балканска вечер со интернационална музика.

Анета важи за голем подржувач и почитувач на македонската песна но и нејзин афирматор надвор од границите на нашата земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*