Даниел Кајмакоски се враќа на музичката сцена

Даниел Кајмакоски кој откако стана татко на малиот Давид се повлече од музичката сцена, наскоро ќе промовира неколку нови песни на кои што работи во моментов. Тој вели дека синчето веќе потпораснало, па време да и се посвети на кариерата, а ќе работи паралелно и во Македонија и во соседна Србија.

-Спремам многу новитети, но не сакам да кажам официјален датум за промоција затоа што уште и јас не знам кога ќе го завршам проектот. Знам дека на моите фанови им должам нови песни и истите наскоро ќе им ги подарам, нека бидат трпеливи, вели Кајмакоски кој јавноста ширум овие простори го запозна преку учеството во музичкото шоу „Икс Фактор“ каде што триумфираше.

Неодамна преку објава на „Инстаграм“ тој откри дека сака уште едно дете.

-Тие растат толку брзо, но треба уште едно бебе, напиша пејачот.

Дали ова значи дека приновата веќе е на пат или пак сакаше да открие дека со сопругата само работат на случајот, останува да почекаме и да видиме. Едно е сигурно, поголема радост од големо семејство нема!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*