Приредија спектакуларна забава : Фолк и поп елитата на иста сцена во Швајцарија

Фолк и поп естрадата заедно на иста сцена, во една од најпознатите дискотеки во Швајцарија, дискотека Палма. Над 1000 македонци кои живеат во оваа земја, имаа можност да се забавуваат и да ги пеат најпознатите македонски рефрени. Атмосферата беше навистина прекрасна. Екипата на ИН ТВ беше таму, па во продолжение прочитајте што кажаа македонските изведувачи за тамошната атмосфера.

На иста сцена, пејачи и музичари од македонската поп и фолк естрада во дискотека “Палма”. Пред нашите македонци во Швајцарија настапија Елена Велевска, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Стојне Николова, Бобан Мојсовски, Цаки-Кис Ми, Гоце Пејак, Ице Атанасовски, ДНК и Тајзи. При интервјуто за ИН ТВ тие истакнаа дека се презадоволни од ова патување, каде што имаа можност да се спојат и македонски народни и забавни песни, а беа и воодушевени од големата посетеност и прекрасната атмосфера. Во продолжение ви пренесуваме дел од нивните изјави.

-Многу е убава атмосферата и драго ми е што се собра толкав голем број на посетители. Секој од нас си ги донесе своите обожаватели и навистина е едно големо искуство и уживање да се патува во група, бидејќи не се случува тоа толку често, затоа што навистина е голем трошок и голема инвестиција. Тоа навистина е за почит, бидејќи Хари Сековски е еден од најпочитуваните меѓу македонската естрада. Самото негово искуство зборува колку долго трае и колку оставил лице за да го почитуваме и да му возвратиме вака.-истакна фолк дивата Елена Велевска.

Елена и Хари се познаваат околу 15 години, а потекнуваат и од ист град, Прилеп. Таа додава дека не е лесно да се функционира надвор од својата земја, а да се биде успешен, како што тоа го прави менаџерот Хари.

За дел од атмосферата се погрижи и нашата преубава џебна Венера, Стојне Николова која што истакна дека е голема чест да се биде дел од ваков настан и се разбира да се пее пред македонците надвор од земја е уште поголемо задоволство.

-Соработката со Хари е навистина прекрасна. Соработката со мене е од неодамна, а со мојот колега и менаџер Бобан Мојсовски соработува веќе подолго време. Имаме прекрасни настапи позади нас, а уште многу не чекаат во иднина. Прекрасно е чувството да се настапува пред  нашинците. Јас сакам да сум дел од ваквите убави забави и прослави, така да секогаш е најубаво кога се пее пред македонска публика.-вели Стојне.

 

Благоја Грујовски кој важи за еден од најпознатите македонски пејачи е првиот музичар од Македонија којшто настапил во Швајцарија во соработка со Хари.

-Токму тоа што е најинтересно тука и најубаво е што дојдовме една поголема екипа од Македонија изведувачи од повеќе бранши, тука се ДНК, Елена, Цаки, Стојне, Ирена, заедно со музичката екипа и ова е една преубава пригода. Ретко е да се виде дискотека Палма исполнета вака, со толкав народ.-истакна познатиот фолк пејач за ИН ТВ.

Неговите големи и безвременски хитови, ги пееја и присутните гости од помладата популација, што беше големо воодушевување за Цаки од Кис ми.

-Јас очекував вакво нешто, но ова навистина е бум вечерва, супер, прекрасна атмосфера. Со Хари можам да кажам дека се знаеме 16-17 години, ако не и повеќе. Откако тој започна да се занимава со менаџерство, мислам дека ние бевме меѓу првите кои ги донесе тука во Швајцарија.-Цаки.

-Еве баш само што слегов од сцената. Навистина сум импресионирана, бидејќи ова е сепак на едно високо ниво. Морам да упатам честитки до менаџерот Хари Сековски, којшто се потруди ова да биде на едно навистина високо ниво, од организација и се друго. Драго ми е што има повеќе од 1000 луѓе, дури и уште доаѓаат и нема место да ги собере, па се надевам дека оваа убава забава можеби во иднина ќе ја повториме. Чувството е прекрасно можам да кажам во еден ваков амбиент, има гости од различни возрасти, има песни за сечиј вкус, од забавни, народни, на публиката им понудивме се.-изјави фолк пејачката Ирена Спасовска.

-Вечерва имаше прекрасна македонска забава, најмногу, односно 90 отсто беа наши македонци, имаше и Срби, Босанци, меѓутоа прекрасна забава, преполна дискотека. Ова може да послужи како пример и за други наши места низ Европа да се направат вакви вечери, кадешто и младите се дружат. Направивме одлична забава и мислам дека гостите се презадоволни, а амбиентот кажува се.-вели музичарот Гоце Костоски-Пејак.

Уште долги години работа и успеси за Хари, посакува и саксофонистот Ице Атанасовски кој што веќе долги години соработува со него.

-Најпрво да му посакам уште многу успеси на мојот пријател, менаџер и соработник, Хари Сековски. Морам да кажам дека нашата соработка трае уште од 2001-ва година. Доволно долго сме заедно, соработуваме, сме имале и добро моменти, се е позитивно во секој случај-истакна Ице.

На македонската вечер пред нашите македонци во Швајцарија настапија Тајзи и ДНК, кои отпеаа дел од нивните големи хитови.

-Еве и ти си сведок на она што се случува вечерва. Многу убава забава, многу народ и баш ми е мило што за првпат вака се споивме музичари од забавна и фолк естрада, па се докажа дека и едните и другите можат да направат убава забава.-вели Андреј од ДНК за естрадниот магазин, Естрада плус.

Инаку, забавата започна во 21 часот, а траеше до раните утрински часови. Нашинците кои беа дел, но и сите музичари уште долго време ќе ја паметат оваа забава и јубилејот на менаџерот Хари Сековски.

 

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*