МЕЛАНИ БИ ОД „СПАЈС ГРЛС“ СЕ ОБИДЕЛА ДА СЕ УБИЕ

Мелани Би популарната пејачка од британската музичка група „Спајс Грлс“, открила во својата книга дека пред четири години сакала да се убие.

Како што пренесува британски „Сан“, по вечерата со тогашниот нејзин сопруг Стивен Белафонте, пејачката испила речиси 200 таблети аспирин.

Мел Би во својата книга напишала дека во тој момент таа се чувствувала емотивно погодена.

„Се чувствував грозно и загрозено од страна на човекот кој еднаш ми вети дека ќе ме сака и штити, а тоа е мојот маж и менаџер Стивен“, напишала Мел Би.

Пејачката на крајот упатила и силна порака до сите нејзини обожавателки, дека самоубиството не е решение.

„Морав да го направам мојот живот да биде вреден, да има значење. Морав да одам во болница“, навела Мел Би, која напишала дека направила лоша работа со тоа што испила голема количина на аспирин.

Британската пејачка и Стивен Белафонте беа во брак десет години, во периодот од 2007 година до 2017 година.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*