Две децении успешна афирмација на македонската песна во Швајцарија, Хари Сековски е горд на она што се случи викендов во Швајцарија

Реномиран, докажан и врвен во својата работа, но со преголема доза на скромност и харизма.

Синоокиот македонец Хари Сековски викендов во Швајцарија направи невиден спектакл во познатата дискотека “Палма”. Своето две децениско работење, јубилеј од 20 години Хари го заокружи со заедничка забава на фолк и поп македонската елита. Публиката можеше само да ужива во овој неповторлив настан кој ретко досега се случил, а вкусовите загарантирано  беа задоволени за сите возрасти. Ин ТВ беше дел од овој настан кој ретко се пропушта, па го навративме Хари низ годините наназад за неговите почетоци.

-Ако се вратам дваесет години наназад претходно работев како новинар во некои радио станици во Прилеп и  го организиарав ноќниот живот во Прилеп, пред моето доаѓање тука во Швајцарија. Видов дека  на младите тука во Швајцарија им фали забава. Немаше никој кој што организираше забави, освен црковните општини и клубовите, никој друг не организираше такви манифестации. Така дојде идејата за организација на тие настапи и вечерва еве да се потсетам на тие дваесет години наназад, прв гостин и вечерва исто така присутен со нас и на првиот концерт во Швајцарија кој што јас сум го организирал беше Благоја Грујовски. Задоволството е големо, дискотеката е преполна и не е прв пат што е полна со македонски гости. Претежно на сите настапи со македонски пејачи секогаш оваа дискотека е полна и секогаш македонците се добредојдени тука во “Палма”, истакна Хари.

Неговата долгогодишна и макотрпна работа на носење и промовирање македонски пејачи особено на македонската песна надвор од границите на нашата земја, е преголема, ако се има во предвид тоа што речиси сите имиња од македонската естрада имаат блиска соработка со Хари.

-Претходно имав соработка со бројни дискотеки, организирав премногу настапи низ сите дискотеки и екс југословенски дискотеки и срби и хрвати ме бараа и изнајмувавме  сали и правевме огромни настани, така да тие ме побараа за да можеме да работиме со клиентела која што беше македпнска и ме побараа за да гостува и македонската естрада. Како човек кој што веќе работеше со нив ги донесов сите и отворањето на оваа дискотека и соработката со нив до ден денес не е прекинато, додава Хари.

Харизмата и преголемата енергичност која ја поседува во себе Хари, се токму двете главни карактеристики кои едено вакво лице од шоу бизнисот треба да ги има за да бележи нагорна кариера. Посебно за него е доволен фактот кој го истакнува, среќните лица кои што доаѓаат во дискотеката како и тоа што се пее македонска песна. Токму она што се случи во саботната ноќ изминатиот викенд беше преголема статисфакција за Хари и заложба да се продолжи и понатака со поголеми успеси. Заволството неизбежно  беше и кај нашите пејачи бидејќи и покрај различните музички правци на фолк и забавна песна, Хари успеа да ги обедини како што сами рекоа и фолкерите и забавњаците на една сцена и да направат бум.

-Најголем поттик е среќните лица на сите македонски деца кои што доаѓаат тука. Вечерва ми е чест што можам да го видам токму тоа. Има повеќе генерации. Тука се родителите нивни а на масите се седнати нивните деца. Кога почнав да ја работам оваа работа тука беа родителите нивни како млади кои што излегуваа а денеска еве и моите деца се исто така присутни, така да поголема гордост од тоа нема, вели Хари.

Елена Велевска, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Стојне Николова, Бобан Мојсовски, Гоце Костовски Пејак, Цаки –Кисми, ДНК, Тајзи беа дел од македонските имиња кои направија неповторлива забава во дискотеката во Швајцарија, каде на едно место се играше и оро но и забавни ритми. Нешто што секој македонец би се почувствувал уште повеќе горд токму поради тоа што македонска песна ечи среде Швајцарија. Сето тоа е со огромна заложба и благодарност на овој голем човек, за кој со голма годост можме да кажеме дека е значајно име во афирмирањето на македонската песна. Хари голем човеку преголема благодарност за целата беспрекорна организација од екипата на ИН продукција, пречекот и сите моменти кои ги имавме во овој краток но исклучително возбудлив викенд кој долго ќе се памети. Посакуваме да бидеме сведоци на уште долги твои јубилејни кариери и секако продолжи и понатака со промовирање на македонската песна како дело кое го оставаш зад себе со трајна вредност.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*