Гоце Џуклески со богата музичка ризница за Охрид

“Охрид во музичкото творештво ” е посебен проект зад кој се потпишува реномираниот врвен хармоникаш од Охрид професорот Гоце Џуклески.

Станува збор за низа отпеани песни од познати македонски пејачи за преубавиот древен град на брегот од езерото.

-Имам еден посебен проект кој што е насловен “Охрид во музичкото творештво на авторот  Гоце Џуклески” и да споменам дека јас имам снимано веќе преку 120 музички дела. Имам снимано со многу автори и пејачи и вокални солисти , но и инструментална музика која што ја изведувам јас на хармоника, истакнува професорот Гоце.

Поголемиот број од овие музички дела се веќе зачувани во македонската музичка ризница, особено поради фактот што професорот Гоце своите почетоци во музичките води ги бележи како соработник со тогашната Македонска радио телевизија.

-Имам снимено многу композиции, со големиот народен оркестар на Македонската радио телевизија и песните кои што се снимени таму, сите се наоѓаат во нивната фонотека, со назнака како трајно музичко творештво кое што ќе си останеи кога ќе ме нема мене, додава професорот.

Инаку целокупното досегашно музичко творештво на проефесорот Џуклески е ставено на 18 носачи на звук. Во целиот овој опус, Гоце Џуклески се јавува како автор на музика, текст , аранжман на голем број негови музички соработници.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*