Тома Здравковиќ за 3 години испил се што заработил

Најголемиот боем во Југославија, човекот кој ги има испеано своите најдлабоки емоции, музичарот кој важи за легенда, остави голем број на песни кои се пеат и се слушаат се до денес. Тома Здравковиќ бил роден на 20 ноември 1938 година во сиромашно семејство.

Една вечер во 1956 година Силвана Арменулиќ, тогаш непозната пејачка минувајќи низ лесковачкиот парк забележала дека на една клупа седи младо момче кое што се смрзнувало. Започнала разговор со него и дознала дека бил дојде на аудиција за пеење, но не поминал, па сега нема пари за автобуска карта за да се врати дома.

Великодушна, каква и што била, таа го земала со себе во нејзината соба, го нахранила, а музичарите од оркестарот ги замолила да му најдат некаква работа. Ова младо момче така започнало да се дружи со нив, а за време на нивните настапи во неколку наврати имал можност да земе и микрофон во рака и да запее. Младото момче се викало Тома Здравковиќ!

Од Лесковац потоа се преселил во Белград каде цели три години секоја вечер пеел од 8 до 4 часот наутро во кафеаната ” Градски подрум”. Врвот на славата, Тома го доживеал во 80-те години, кога здравјето веќе му било сериозно оштетено од алкохол. Пиел до смрт, игнорирајќи ги советите на лекарите кои го лечеле од рак на црниот дроб. Тома Здравковиќ се женел дури четири пати. Речиси сите текстови од своите песни ги има напишано сам, а во нив се зборува за невозвратена љубов и кафеански живот.

Дал је могуче”, ” Бранка”, ” Дотак’о сам дно живота”, ” Кафана је моја судбина”, ” Проклета недеља”… се дел од песните кои се слушаат и ден денес. Во белградскиот хотел ” Славија” во 1969 година, на хартија пијан, ги напишал стиховите од песната ” Шта че ми живот” која Силвана Арменулиќ ја направи ѕвезда/ Долгот од лесковачкиот парк и го вратил на најубав начин!

Испил се што заработил

Во времето кога бил ѕвезда, на неговата кафеанска маса секогаш седеле академци, фудбалери, актери, професори… Заработувал вртоглави суми, но истите и ги трошел во 1987 почнува со неговиот ултра кафански живот кој завршува трагично. Почина на 30 септември 1991 година во Белград, каде што е и погребан. Неговиот погреб го организирале пријатели со нивни пари, затоа што тој немал апсолутно ништо, се што имал заработено во животот испил! На 20-годишнината од неговата смрт во Градскиот парк во Лесковац, токму на местото каде што се запознал со Силвана, поставен е негов споменик во природна величина.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*