Младата Теодора Велкоска од “Профа бенд” има долго музичко искуство

Професионално пее скоро пет години а во  “Профа бенд ” е женски вокал.

Младата Теодора  Велкоска има долго музичко искуство зад себе, како и бележи настапи на фестивалите низ нашата земја.

-Пеам веќе пет години, професионално. Кога почнував да пеам тоа беше од “Сите наши песни” ,музичко шоу. Пет години пеам професионално, активно и постојано. Инаку професорот ми држи часови по пеењ, за вокална техника и сите тие работи. За во иднина секако планирам да снимам уште песни. Да го завршиме албумот кој што веќе го најавуваме подолго време, бидејќи имаме шест песни ни недостигат уште неколку за да го довршиме, така да се гледаме на многу повисоко ниво, истакнува младата Теодора.

Инаку по професија Теодора  е дипломиран економист, а музиката е нејзина најголема опсесија. “Профа бенд” кој го сочинуаат музичарот и професор Горан Делевски како и Теодора вокалот, неодамна снимија и видо запис за нивната песна “Песно, животе мој” во соработка со ИН продукција.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*