Катарина Грујиќ ограбена во Париз

Пејачката Катарина Грујиќ неодамна престојуваше во Париз каде што го снимаше својот нов спот, односно дуетот со Шако Полумента.

Снимањето на спотот таа ќе го памети по тоа што доживеала непријатност односно крадци и ја украле скапоцената торба и неколку илјади евра.

„Катарина и Шако отпатуваа во градот на светлината за да го екранизираат својот нов спот. Се беше одлично, се додека не забележа на сетот дека и ја нема скапоцената торба. Прво помисли дека ја украл некој од нас, од тимот, но подоцна се случи хаос. „Гучи“ чантата чини околу 1000 евра, а во паричникот имаше околу 3000 евра, шминки и подароци кои ги купи за своите пријатели“, вели за „Ало“ извор близок на пејачката.

За среќа, пасошот и авионската карта на Грујиќ и биле во хотелот, па можела да се врати назад во Србија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*