Анета од мала е голем вљубеник во животните

Покрај тоа што важи за еден голем патриот, особено со нејзината последна песна “Тешко на предавниците”, Анета Наковска е и голем љубител на животните.

Таа постојано се глрижи особено за бездомните животни, при што често знае да им даде храна, да ги земе и згрижи .

-Како сме скроени, родени не можеш да го менуваш тоа. Од дете сум така. Многу имав жал од малечка за сите животинчиња на улица што ќе ги видам. Мајка ми ја имам полудувано, само ќе и донесев во стан, мачиња, кучиња , ги носам а во стан пораснав, нема услови за тоа, сум ја доведувала во непријатна ситуација, додава Анета.

Анета неодамна промовираше нова песна со нов видео запис кој го изработи ИН продукција. песната носи наслов “Тешко на предавниците” а спотот се снимаше во велгошкиот регион.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*