Бендот “Да Капо” најбарани во тиквешкиот регион

Беа доста работно ангажирани речиси низ целиот летен период, особено во тиквешкиот регион.

Бендот “Да Капо” бележеа бројни настапи, свадби и низа други свечености, а сето тоа продолжува и во овој период. Како што истакнуваат нивната агенда е сеуште полна со работни ангажмани.

-Бевме тука во нашиот крај во тиквешкиот регион. Бевме на приватни забави , локалите и слично , велат од  “Да Капо”.

Покрај стандардната група од шест машки членови, “Да Капо” од неодамна се во придружба со нов женки вокал, неготинчанката Љупка Арсовска, која многу добро се вклопува во бендот.

-Со  колешката Љубица соработуваме од неодамна. Имавме контакти и се одлучивме да соработуваме и со неа. Исто така и таа се согласи и засега е одлично , така што ќе продолжиме и понатаму да соработуваме, додаваат од “Да Капо”.

Бендот “Да Капо” неодамна реализираше видео проект во соработка со ИН продукција. Станува збор за неколку мелозвучни и добро одбрани песни како од македонската фолк и поп музика, така и од бившите ју простори.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*