Анета најавува заеднички музички проект со маестро Милан Завков

По неодамнешната промоција на најновиот видео запис за песната “Тешко на предавниците ” од Анета Наковска, таа најавува нов проект во како што вели врвното музичко име на естрадата Милан Завков.

-Сега планираме еден лајв, проект, шоу, заедно со маестро Милан Завков да снимиме. Тоа се одбрани песни, македонски кои што не се пеани или некој многу малку пеани, дури и непознати а се неверојатно убави, пред се патриотски. Има и неколку љубовни, меѓутоа мене најмногу ме повлекува сето она што е поврзано за историјата на нашата земја, истакнува Анета.

Како што нагласува Анета, таа посебно сака да ги отпее тие песни кои се останати одамнина а се посветени на нашиот народ. Изминатиов период Анета бележеше и настап на “Роса фест” а најавува и други музички проекти.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*