Кирил Белистојаноски во дует песна со Милица Кузманоска

Ако изминативе години беше впечатлив по својата застапеност на фестивалот “Охридски трубадури” ,

охриѓанецот Кирил Белистојаноски годинава го изостави учевството на овој фестивал, но затоа пак бележеше учество на “Лешочкиот фестивал”.

-Беше планирана песната “Љубов да ти подарам” за Охридски трубадури , но колешката Милица Кузмановска со која што ја исполнувавме песната имаше приватни аранжмани во странство, така што се одлучивме да настапиме таму по поканата од Сузана Спасовска. Настапивме со оваа песна таму на овој фестивал, истакнува Кирил.

Песната како што истакнува Кирил била одлично прифатена од страна на публиката, како и тоа што песната малку и двоела од останатите со македонските стилски примеси кои се во неа. Инаку, Кирил неодамна го промовираше своето ново ЦД  со седум нови песни, кое е  насловено “Љубена моја”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*