Каролина Гочева позираше без градник

Ако не беше пејачка, тогаш Каролина Гочева несомнено би можела да има интернационална кариера како модел. Нејзината природна убавина, височината, конституцијата и витката фигура, прават таа да изгледа како познат светски модел.

Oсвен со својот врвен вокал, Каролина плени и со својата појава како комплетен пакет, се повеќе посакуван за заштитно лице од кампањите на модните брендови. Периодов таа е актуелна со спотот за песната „Бели цветови“ од албумот „Извор“, а покрај тоа активно е посветена на изработка на фотосесии за магазини и брендови за облека и накит.

Во најновата фотосесија таа позира за италијански бренд за накит. Она што може да се забележи на приложеното е дека нашата пејачка изгледа како од престижно списание за мода, храбро без градник под џемперчето и со нова, скратена и освежена фризура.

На објавата реагираа многу обожаватели кои не пропуштија да ја опсипаат со бројни комплименти.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*