“Да Капо” бенд со нов видео проект

Деновиве тиквешкиот “Да Капо” бенд снимаше нов видео проект. Во проектот преовладуваат музичките звуци од добро познати македонски рефрени од народната музика, но и од забавната а неизоставен дел се и легендарните рефрени од српската естрада.

-Овој нов проект е доследен на минатите два. Претходно имаме снимено два проекти , сега овој е трет и горе-долу е сличен на претходните два проекти, истакнува Горан, член од “Да Капо”.

Околу тоа како дошло до изборот на овие песни да бидат отпеани во овој проект појаснува Васко, вокал од бендот.

-Сметавме дека тие песни се тогаш популарни и некои од колегите ги немаат обработено, па ние се одлучивме за нив. Проектот го подготвувавме неполн месец. Следуваа и неколку проби, па ете испадна се како што треба, додаваат од бендот.

Инаку “Да Капо” од неодамна имаат и нов женски вокал , неготинчанката Љупка Арсовска која убаво се вклопува во бендот. Исто така најавуваа за брзо и нивна авторска песна.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*