Оливер Драгојевиќ ќе добие музеј

Наскоро, Оливер Драгојевиќ ќе добие музеј во родното место Вела Лука. Идејата е на неговото семејство, а од општината веднаш ја прифатиле оваа иницијатива.

Оливер Драгојевиќ наскоро ќе добие музеј во родната Вела Лука. Идејата за музејот на Оливер дојде од членовите на семејството на Оливер, а челните луѓе на општината и фамилијата Драгојевиќ брзо се договорија за проектот, како и за локацијата каде што обожавателите наскоро ќе можат да ги видат неговите награди, како и лични работи.

„Иницијативата за музејот потекнува од членовите на неговото семејство. Веднаш ја прифативме иницијативата. Општината го избра Задружниот дом како локација на идниот музеј“, рече заменик-шефот на Вела Лука, Драгиша Барчот, за порталот „Далмација данас“.

Барчот додаде дека поради бројните фанови кои го посетуваат гробот на Оливер се уредуваат и гробиштата „Свети Роко“, а исто така размислуваат и за скулптура на Оливер во природна големина.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*