Гоце Џуклески неуморен творец на македонска музика

Долгогодишно музичко реноме има зад себе познатото име во македонската естрада Гоце Џуклески кој

досега има преку стотина музички дела било тоа да се песни или инструменталки. Посебно за истакнување е тоа што тој постојано твори и создава длабока трага во македонската музика. Впрочем така е и со последното музичко ЦД од охриѓанецот Кирил Белистојаноски каде музиката е целосно дело на професорот Гоце  Џуклески. Охрид ја има најдобрата староградска музика и жалосно е тоа да не се надоградува и твори понатака, истакнува професорот Гоце.

-Задоен сум со  охридската староградска песна и чалгаџиска музика уште од млади години. Моето детство и некаде до младинските години со завршувањето на гимназиските денови, уште од малечок слушав убава охридска музика, вели професорот.

Она на што посебно е горд порфесорот Гоце е песната која како што вели е најтрубадурска песна и е испеана токму на Охридските трубадури, а тоа е песната “Пеј, Охриде”.

-“Пеј Охриде ” е многу трубадурска песна, така што кога ќе ја слушате ќе добиете впечаток дека тоа е изворна охридска песна, а всушност нејзин автор сум јас. Со таа песна добивме и награда на Охридски трубадури за најтрубадурска песна. Потоа е “Мома Деспина”, од групата “Тути фрути” која  беше скопска група но за жал не постои повеќе, таа песна звучи исто така многу охридски, додава Гоце.

Неговиот работен ангажман не застанува тука, туку напротив Гоце продолжува и понатака да твори и да создава музика, особено преку неговиот музички инструмент хармониката, низ која досега се произлезени голем број прекрасни инструментални дела.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*