“Бендот на браќа Нуне” новитет на музичката сцена

“Бендот на браќа Нуне” досега познати со своите настапи придружувајќи ја кралицата Есма Реџепова на концертите ширум светот, завршените авторски но и сеуште музички проекти на кој работат, соработници со скоро целата македонска фолк естрада сега со уште еден новитет.

Оформија бенд под името “Бендот на браќа Нуне” , кој се состои од седум члена, исто така муичари со големо сценско и музичко искуство, а најважно долгогодишни соработници со браќата Нуне. Тоа се два вокала Мими Јовановска- женски и Драган Лазев- машки, потоа музичарите на хармоника Никола Николовски, клавијатури Даниел Маневски и ударни инструменти Слободан Геровски.

-Сите се наши долгогодишни соработници и уште од основните школски денови сме заедно. Твориме, свириме и се дружиме од кога знаеме за себеси. Тоа беше главното мото да започне и нашата официјална соработка како бенд заедно. Се надеваме дека на многу луѓе ќе им се допадне нашата музика и ќе бидеме дел од нивните најсреќни моменти во нивниот живот. Тука сме за сите да ги направиме среќни на нивните веселби, изјавуваат браќата Нуне за ИН продукција.

Како најново од нивна страна тие споделија на социјалните мрежи видео со преработка на стари македонски песни, но за кратко најавуваат уште многу музика и кавери на преработки на наши евергрини, македонски песни, народни и забавни, но и странски хитови. Исто така најавуваат и нивна авторска песна , а до тогаш уживајте во она што тие го изработија.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*