“Тешко на предавниците” плачев и кога ја пишував и кога ја пеев во студио, вели Анета

“Тешко на предавниците”  е најновото музичко остварување на фолкерката Анета Наковска која се јавува

како комплетен автор на ова нејзино дело. Песната неодамна доби и видео запис кој се изработи од страна на ИН продукција, а во кој се снимени преубавите охридски предели од велгошкиот регион. Во мене подолго време вриеше силна емоција која  се противи на сето она што се случува во нашата земја, па како ми доаѓаа идеите до крајот на летото песната беше готова, бидејќи ја сум комплетен автор на оваа песна, вели Наковска.

Идејата за спотот беше како и секогаш на мојот сопруг. Да искористиме локација пеубава, над Велгошти каде што живееме ние, Свети Илија црквата, која што спаѓа во планината Петрино. Тоа е еден прекрасен локалитет, ги опфативме сите убавини на Свети Илија и подоцна имавме снимано кадри на зајди сонце од Св. Илија надолу кон Велгошти. Ги доловивме тие убавини и верувам дека сето тоа многу убаво ќе се вклопи во целиот видео запис, истакнува Анета.

Во оваа најнова песна Анета се појавува во еден поинаков стајлинг, односно со оглед на тоа што го пее, целокупната слика ја доловува во неколку изворни македонски носии од специфични места на Македонија.

Како што истакнува Анета, таа комплетно своите емоции ги пренесува во песната со сите искажани зборови, кои силно допораа до нејзините патриотски чувства, ако се има во предвид фактот што таа има потомство од Егејскиот дел на нашата земја.

-Оваа песна ја направив зошто мојата душа плачеше. Мене срцето ми крвареше. Ја пишував и плачев. Пеев во студио и плачев, значи страшна е ситуацијава кај нас. Болката едноставно преовладуваше кај мене, додава Анета.

Анета не застанува тука, таа најавува и нови музички соработки, односно еден поголем проект со познати музички имиња во периодов кој следува.

Видео

 

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*