СЕВЕРИНА ЗАВРШИ СО СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ АЛБУМ

Северина заврши со снимањето на новиот албум, а веста ја сподели со своите обожаватели на Инстаграм. Таа со селфи фотографија порача дека е убаво чувството кое може да го сподели со нејзините следбеници.

На најновиот снимен албум на кој пејачката работи веќе подолго време ќе се најдат хитовите „Као“, „Отрови“, „Мртов без мене“, „Туториал“, „Однапред готово“ и „Магија“ ќе се најдат уште 7 нови песни.

„Прекрасно е чувството кое можам да го споделам со вас за снимениот албум. Во тоа име еве и едно селфи од мене. Фала ви на сите кои ме поддржувате и со нетрпение прашувавте кога ќе излезе. Се љутевме, но секогаш песните го бираат своето вистинско време, никогаш јас. А на песните не можете да им се љутите. Особено не на оние кои сега ги снимив. На албумот освен песните „Као“, „Отрови“, „Мртов без мене“, „Туториал“, „Однапред готово“ и „Магија“ ќе се најдат уште 7 нови песни. Наскоро“, објави Северина на социјалните рмежи и ги развеслеи обожавателите.

Обожавателите и порачаа дека со нетрпение го очекуваат неговото излегување.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*