Душко Георгиевски со став дека странците многу повеќе ја ценат македонската изворна музика, отолку ние

Излезе оваа година како проект насловен “Кон исток” а се обработи од страна на Душко Георгиевски и Бајса

Арифовска, двајца врвни музичари на македонската сцена. Иако е доста рано за да се дадат првите оценки од неговиот квалитет, сепак според промоциите проектот е доста прифатен од страна на публиката. Посебно изненадува фактот што го изнесува Душко дека странците се тие кои повеќе го вреднуваат овој проект отколку ние самите.

-Треба малку повеќе работа околу таквите проекти, бидејќи се работи за проект од изворна музика, нашето богатство кое што ние го поседуваме. За жал треба странците да ни кажат дека тоа навистина вреди. Се потрудивме сите песни во тој проект, еве во овој проект беа од источна Македонија, меѓутоа при разговорот со Бајса има интерес и од западна Македонија. Цела Македонија си е наша , но потешко е и мислам дека странците многу повеќе знаат колку вреди тоа наше богатство а ние не знаеме да го цениме, додава Душко.

Впрочем, во овој албум се направени прекрасни обработки на десетина песни и инструментални изведби кои како што вели Душко се потрудиле да зазвучат во изворно руво , без некакви измени во аранжманот и електронски примеси. Со тек на време овов врвен албум ќе си го најде соодветното место во богатата македонска музичка ризница.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*