Гоце Илиески-Балада : 70 % од песните кои ги правам ми се балади

Во продолжение од естрадниот магазин ќе дознаеме како пејачот Гоце Илиески го добил своето уметничко име Гоце Балада, по коешто е препознатлив. Инаку, Гоце изминативе денови во соработка со ИН Продукција, го снимаше спотот за неговата прва песна Бидит ти моја.

Гоце Илиески неодамна гостуваше во студиото на ИН Продукција, а поводот бепе снимањето на неговиот прв спот. Тој меѓудругото во интервјуто открива како го добил неговото уметничко име, Гоце-Балада.

-Музичките соработници ми го ставија тој прекар, односно јас го дефинирам како уметничко име коешто извира како резултат на моите песни. 70 % од песните ми се балади, како што и претходно напоменав, пишувам текстови, правам мелодии, музика, а во глобала песните се балади.-истакна Гоце.

Пејачот за периодот кој следи најавува и свирки по локалите, а веќе е во преговори за оформување и на бенд којшто ќе го прати на неговите настапи.

-Досега немам соработувано со никој, но во преговори сум со два бенда. Моментално работиме на репертоар кој што ќе го свириме во ноќните клубови.-додава тој при интервјуто за Естрада плус.

Инаку, спотот за песната “Биди ти моја”, кој што го снимаше деновиве во Охрид, во најскоро време ќе биде промовиран на сателитската ИН ТВ.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*