Печалбарска песна најавуваат Адреналин бенд

Адреналин бенд најавуваат нова авторска песна, но во поразличен стил од досегашниот. Станува збор за печалбарска песна која ќе излезе за скоро време.

Момците од Адреналин зад себе ги имаат двата хитови, После тебе и Летна шема, а најавуваат и нова авторска песна. Тие велат дека овојпат одлучиле песната да биде со печалбарска тематика.

-Да ете ќе откријам за нашинците во дијаспората, поинаков стил да пробаме, да им докажеме на гледачите дека не сме ние забавњаци, дека ќе снимиме и авторска песна, печалбарска.-истакна при интервјуто за ИН ТВ, Филип, вокал на бендот.

Кога станува збор за летниот период, тие велат дека биле доста ангажирани со настапи,  но и со снимање нов материјал и нови проекти.

-Летото ни помина брзо искрено и некои посебни моменти неможам да одвојам, освен снимањето на проекти. Само што ќе почнеме еден проект, го завршуваме и после тоа додека го реализираме, не застануваме и постојано сме под дејство на функција, што следно ќе биде на музички план како материјал, дали забавно, народно и во кој правец да се движиме, каде ни се пропустите ако имаме.-вели Ивица.

Од бендот при интервјуто додаваат дека и во иднина ќе продолжат да работат со досегашното нивно темпо, односно со полна пареа.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*