“BALKAN FOLK ‘n ROLL” нов музички бенд со балкански звук

“BALKAN FOLK ‘n ROLL” е музички состав кој иако е формиран пред само извесно време, бележи успех на музичката сцена. Впрочм, тоа е бенд кој обединува музичари од различни возрасти, држави и стилови.

Со самото тоа се дава и карактеристичниот звук , кој претставува спој на фолклорни елементи од Балканот со елементи од модерната западна музичка култура.

-Додека бев во Македонија имав привилегија да направам сон во реалноста за да создадам балкански етнички Ансамбл формиран со македонски музичари, за да му покажеме на светот талентот кој го песедува нашата земја. Благословен сум што сум опкружен со нив. Заедно ние сме “BALKAN FOLK ‘n ROLL”, вели во својата изјава Тони Диитриоски –Трубач.

Бендот во овој состав прв пат го бележи својот настап годинава на “Рома труба фест” во Куманово а снимаше и нов материјал. За следната година веќе се поканети како специјални гости на овој настан и на сличен настан во Пехчево. Воедно нивните планови се да настапат и во Србија , како и низ Европа на бројни музички фестивали.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*