Дарко Лазиќ оди на уште една операција!

Дарко Лазиќ вчера лекарите го разбудија од вештачка кома, во која се наоѓаше откако минатата недела доживеа тешка сообраќајна несреќа во Брестач.

Состојбата на Дарко засега е стабилна и тој веќе не е животно загрозен, но пред него е долг период на закрепнување.

После денешната визита, лекарите кои констатирале каква е состојбата на пејачот, велат дека наскоро ќе му ја оперираат ногата.

Како што се дозава, таа операција нема да биде денеска, но стручниот лекарки тим кој се грижи за пејачот ќе гледа тоа да биде што поскоро, со оглед на тоа дека кај Дарко поставени се екстензии како ногата не би почнала сама да зараснува.

Се очекува оперцијата да биде направена по една недела, кога состојбата на Дарко целосно ќе се стабилизира.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*