(ВИДЕО) Елена Ристеска претстави нова песна со спот

Популарната пејачка Елена Ристеска ги израдува фановите со нова песна, која ја промовираше заедно со спот.

Елена Ристеска и изведувачката куќа со гордост го  претставија видеото за новата песна “Сила за крај”. Како автор на музиката и текстот, е потпишан познатиот пејач Сергеј Четковиќ , а гласот на Елена освојува уште при првото слушање.

Ристеска е препознатлива по моќниот глас кој не го остава никого рамнодушен, а оваа поп-балада ја отпеа со посебна емоција.

Во видеото покрај другите, се појавува и  познатиот водител Ване Маркоски.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*