Даниел Божиноски сними спот за орото “Дандо са са “

Даниел Божиноски сними спот за неговото ново музичко остварување, орото “Дандо са са “. Ова е негово второ дело, по Алтано оро, кое го промовираше пред само неколку месеци во соработка со ИН Продукција.

Младиот саксофонист Даниел Божиноски деновиве сними спот за неговото најново инструментално дело кое носи наслов “Дандо са са “.

Спотот се снимаше на неколку локации во Охрид и Кичево, во соработка со ИН Продукција. Во најскоро време се очекува ексклузивна премиера на видеото во естрадниот магазин “Естрада плус” кој се емитува на Сателитската ИНТВ, како и на уште 18 регионални телевизии ширум Македонија.

Инаку,  музиката е дело на неговиот кум, познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски, а аражманот го направи неговиот соработник Златко Миладиноски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*