Внукот на Тоше Проески во Лондон ја сними својата прва соло песна

Внукот на Тоше Проески, Кристијан Ристески ја сними својата прва соло песна во студиото на познатиот продуцент Енди Рајт во Лондон.

Песната се вика „We are blood“ и Кристијан ќе ја изеде на концертот во чест на Тоше кој ќе се одржи на втори ноември во арена Борис „Трајковски“.

 

Кристијан објави дел од спотот на својот Фејсбук профил.

Каролина Гочева и сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ се македонските изведувачи кои ќе настапат на концертот посветен на Тоше Проески што ќе се одржи на 2 ноември во ВИП арената „Борис Трајковски“. Учеството на шоуто кое ќе започне во 20 часот го потврдиле и Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Сергеј Четковиќ, Борис Новковиќ, Владо Калембер, Ања Рупел и женскиот бенд „Фрајле“. Од Меѓународната фондација „Тодор Проески“информираат дека сè уште се преговара со уште неколку звучни имиња од регионот.

Исто така, на концертот ќе се отпеат и песни од мјузиклот во негова чест, „Тајно моја“, а ќе ги изведат Антонија Гиговска и Александар ТарабуновПобедничката на „Макфест 2018 ја играше главна женска улога, додека Тара настапуваше како замена за Денис Димоски, кој ја имаше главната машка улога.

На концертот ќе биде промовиран и албум со нови, досега необјавени песни од Тоше Проески. Албумот е со наслов „Secret Place“ и на него се наоѓаат седум нови песни на англиски јазик како и три преработки на познати хитови.

„Материјалот се работеше во студиото на познатиот англиски продуцент Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше – ’The Hardest Thing’“, додаваат од Фондацијата.

По нивен избор, избрана е и насловна фотографија од Тоше за албумот, која е една од најдрагите на семејството и на соработниците на Тоше.

Влезниците се веќе пуштени во продажба во „Југотон“ и онлајн на www.jugoton.mk, а како што претходно најави организаторот, цената ќе биде прифатлива бидејќи настанот има хуманитарен карактер.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*