БАРБРА СТРАЈСЕНД ЈА ОПЕА СТАТУАТА НА СЛОБОДАТА

Барбра Страјсенд (76) следната недела ќе го објави својот 36. студиски албум симболично насловен „Walls“

(Ѕидови), а освен најавниот сингл посветен на Трамп, на претстојното издание ќе се најде и штотуку објавената песна „Lady Liberty“, во којa опеа една од најпознатите американски знаменитости – Статуата на слободата.
„Кога Дезмонд Чајлд ми ја пушти ’Lady Liberty’, ми кажа дека кога ја пишувал, на ум ја имал последната сцена од филмот ’Смешна девојка’ каде што бродот поминува пред Статуата на слободата“, откри Страјсенд за оваа емотивна балада.
„Статуата на слободата е како факел, светол зрак на надежта што дочекал генерации на мажи, жени и деца на нашите брегови. Тие доаѓаа од различни земји, различни култури и религии, зборуваа различни јазици… тие дојдоа во потрага по истиот американски сон“, објасни таа, додавајќи дека прашањето за имиграцијата е комплексно, но на крајот од денот „сите ние сме имигранти“.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*