“Легато бенд” од Мелбурн големи промотори на македонската песна

Иако се формирани пред само две и пол години во далечната Австраија, бендот “Легато” од Мелбурн,

функционира беспрекорно и се доста барани на тамошниот музички пазар. Впрочем како што истакнува Марјан Васковски, член од бендот, тие работат и функционираат на лик на овдешните македонски бендови.

-Нашиот бенд функционира точно како што функционираат овдешните наши македонски бендови. Поради квалитетот на музичарите кој го имаме и сум многу благодарен на тоа, можеме да понудиме многу широк спектар за сечиј вкус на музика. Најмногу си ј промовираме македонската музика. Тоа гледаме максимум од себе да го дадеме и да си ја зачуваме македонската музика, затоа што ние ако не ја промовираме и не ја чуваме македонската музика нема никој друг кој да ни ја чува, вели Марјан

Со оглед на тоа што живеат и работата во Австралија, која важи за земја со голем број култури и народи, бендот “Легато” и тоа како се јавува како најголем промотор на македонската песна.

-Во ситуацијата во која живееме каде што има и многу македонци, срби, грци и други националности, младите се земаат со мешани бракови, па се почесто се случува да свириме мешани македонски свадби и тука веќе можеме да се истакниме повеќе затоа што можеме да одговориме на повеќе жанрови музика, додава Марјан.

Особено за истакнување е и тоа што сите членови од бендот “Легато” се македонци кои живеат и работат во оваа далечна земја. Годинава бендот сними и видео запис за композицијата “Песна за народнот македонски” за кој се потпиша ИН продукција

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*