
Гоце Илиески-Балада во соработка со ИН Продукција, сними спот за песната Биди ти моја. Песната како што вели тој е љубовна балада, а очекувањата се дека и спотот и песната ќе бидат добро прифатени од јавноста.
Гоце Илиески-Балада снимаше спот за неговата прва авторска песна која носи наслов “Биди ти моја”. Спотот се снимаше на неколку локациии во Охрид, во соработка со ИН Продукција.
-Започнуваме со снимање во соработка со ИН Продукција и Ване. Спотот ќе претстави една љубовна приказна, ќе се снима на неколку места во Охрид, односно на познатиот Мост на желбите, во неколку хотели, па во околината на Охрид. Целта е да се долови суштината на песната.-истакна Гоце Балада, за естрадниот магазин “Естрада плус”.
Музиката и текстот се дело на Гоце Балада, а аранжманот е на Славко Ристески. Снимена е во студиото Про Саунд.
-Со компонирање веќе се занимавам 12 години. Музика и текст имам направено за околу 80-тина песни. Оваа песна беше по случаен избор. Седнавме во студио со Славко и одлучивме да биде таа песна. Инаку, станува збор за забавна песна, љубовна балада.-додава пејачот, при интервјуто за ИН ТВ.
Со оглед на тоа што песната и спотот се работат со професионалци, Гоце очекува истите да бидат одлично прифатени од јавноста и да имаат голем успех.
Leave a Reply