20 години од хитот “Baby One More Time”

 Светскиот поп хит “Baby One More Time” на американската музичка дива Бритни Спирс, одбележа 20 години од своето објавување.

Една од песните кои во целост ја промени светската поп сцена е дебитантскиот сингл на Бритни Спирс – “Baby One More Time”. 36-годишната пејачка споделила кратко видео на својот Твитер профил токму во чест на глобалниот хит од 1998 година кој “наполни” цели 20 години.

Во описот од наведеното видео, Спирс им се заблагодарила на своите обожаватели кои ја поддржуваат нејзината работа во текот на сите овие години.

Бритни исто така објавила и кратко видео на својот Јутјуб канал кое во целост е посветено на 20-годишнината од нејзиниот хит “Baby One More Time”. Во кратката снимка се прикажани кадри од музичкото видео, како и исечоци од сетот и некои интервјуа кои таа ги дала за светските медиуми.

Во периодот кога го објавила синглот, ни самата Бритни не претпоставувала дека токму тој ќе ѝ ја донесе светската слава. По одслушаната демо снимка од песната која ја напишал Макс Мартин, пејачката се сложила да замине за Шведска и таму да ја сними песната, како и неколку други синглови кои требало да се најдат на нејзиниот прв албум.

Иако била релативно непозната пејачка во време на објавувањето на “Baby One More Time”, песната долго се задржа на врвот на светските музички топ листи, а до денес се продадени повеќе од десет милиони примероци од наведениот сингл, наведува “Billboard”.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*